Skip to main content

Решавање на последиците од конфликтот во Украина

Чешка го презема претседавањето со ЕУ

Чешка денес го презема претседавањето со ЕУ. Ова е второ претседавање на Чешка со Советот на ЕУ, во нејзиното 18-годишно членство во Унијата.
 |  инфодеск  | 
Еу

Од денеска, 1-ви јули, Чешка го презема претседавањето со ЕУ.

Европската Унија ќе ја предводат двајца поранешни ректори на Универзитетот Масарик во Брно, чешкиот премиер Петр Фијала и министерот за европски прашања Микулаш Бек.

Главниот фокус на европската агенда до крајот на годината ќе биде решавање на последиците од конфликтот во Украина, мигрантската криза, енергетската безбедност и зајакнувањето на одбраната и економијата на ЕУ.

Инаку, ова е второ претседавање на Чешка со Советот на ЕУ, во текот на 18-годишното нејзино членство во Унијата.