Skip to main content

Чавез ги отвори портите на претседателската палата за поплавените

Претседателот на Венецуела Уго Чавес покани 25 семејства привремено да се населат во претседателската палата откако останаа без домови во поплавите што ја зафатија земјата.

 |  Маја Савиќ  | 
Chavez
Чавез
ChavezПретседателот на Венецуела Уго Чавес покани 25 семејства привремено да се населат во претседателската палата откако останаа без домови во поплавите што ја зафатија земјата.


Десетици луѓе почина во поплавите, а илјадници беа принудени да ги напуштат домовите по седмиците обилни дождови, кои предизвикаа поплави и свлечишта на земјиштето.

Чавес е критикуван дека не успеал да обезбеди нови домови во неговиот 11-годишен мандат, поради што ги отвора вратите од претседателската палата во центарот на Каракас.

– Персоналот задолжен за безбедноста има огромна кујна која може да биде користена од 20 семејства. Јас имам три кабинети, вториот може да биде пренаменет во три мали станови, наведе Чавес.

Претставници на венецуелското Национално собрание, следејќи го примерот на Чавес соопштија дека во дел од Парламентот може да се сместат семејства кои останале без домови во поплавите.

{loadposition content9}