Преговори за примирје
Четврта рунда руско-украински преговори
Претпладнево почна четвртата рунда преговори меѓу украинската и руската делегација, што денеска за првпат ќе се одржи преку видео врска, напиша на Твитер еден од украинските преговарачи и советник на претседателот Зеленски – Михаил Подољак.
Претпладнево почна четвртата рунда преговори меѓу украинската и руската делегација, што денеска за првпат ќе се одржи преку видео врска, напиша на Твитер еден од украинските преговарачи и советник на претседателот Зеленски – Михаил Подољак.Тој истакна дека и во оваа рунда преговори Украина ќе бара мир, прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции.
Четвртата рунда разговори меѓу Украина и Русија во понеделник ќе се фокусира на постигнување прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции за Украина – изјави Подољак, а пренесуваат британските медиуми.Украинската позиција останува непроменета во инсистирањето на прекин на огнот пред да се случат разговори за идните односи, рече тој во објавата на социјалните мрежи и видеото што го придружуваше.
Преговори. 4-ти круг. За мир, прекин на огнот, итно повлекување на војниците и безбедносни гаранции. Тешка дискусија – напиша Подољак, додавајќи дека верува дека Русија „сеуште е во заблуда дека 19-дневното насилство врз украинските мирни градови е правилна стратегија“.