Новозеландската полиција го обвинила Phil Rudd, тапанарот на славниот бенд AC/DC за нарачување и закана за убиство, но и за поседување наркотици. 60 годишниот Австралиец не се изјаснувал за обвиненијата на краткото рочиште во судот во Туаранга, околу 200 километри југоисточно од Окленд. Тој е пуштен со кауција и има ограничено движење, а на суд мора да се појави кон крајот на месецов.
На Rudd му се закануваат десет години затвор ако биде осуден за најтешкото казнено дело, обид за нарачка на убиство.
Локален портал објавил дека кон крајот на септември наводно се обидел да нарача убиство на две лица и на едното од нив му се заканувал дека ќе го убие.
Rudd се преселил во крајбрежниот град Тауранга во 1983 година кога беше исфрлен од бендот. На AC/DC повторно им се придружил во 1984 година, но останал да живее на Нов Зеланд каде поседува ресторан.
Тој во 2010 веќе бил осудуван и парично казнет за поседување на марихуана.
{loadposition content9}