Копи пасте говоранција
Австралиски министер се посрамоти читајќи говор на Мајкл Даглас од филм.
| | Свет
Антони како Мајкал Даглас
Австралискиот министер за сообраќај Антони Албанес се посрамоти пред целата нација копирајќи го говорот на актерот Мајкл Даглас од филмот „Американски претседател“.
– Имаме сериозни предизвици во Австралија, кои треба да ги решиме и ни требаат сериозни луѓе за да ги решат. За жал Тони Абот воопшто не е заинтересиран за решавање на било што, рекол министерот во својот говор.
Сличноста на неговиот говор со филмскиот го забележал еден од челниците на опозициона партија, а причината за тоа било што филмот се прикажувал во Австралија само неколку дена претходно.
{loadposition content9}