Коронавирусот сее страв низ светот
Во Саудиска Арабија почина еден човек заболен од новиот вирус на САРС со што бројот на смртни случаи од таа болест во светот е зголемен на седум, соопшти Светската здравствена организација.
Во Саудиска Арабија почина еден човек заболен од новиот вирус на САРС со што бројот на смртни случаи од таа болест во светот е зголемен на седум, соопшти Светската здравствена организација.
Саудискиот министер за здравство ги известил СЗО дека пациентот кој бил хоспитализиран на 29 јануари починал на 10 февруари, се додава во соопштение на СЗО. Лабораторија соопшти на 18 февруари дека еден човек починал од новиот коронавирус или NCoV.
Досега СЗО добиле 13 пријави за случаи на зараза со тој вирус откако за првпат беше откриен во средината на минатата година. Три случаи беа регистрирани во Саудиска Арабија, два во Јордан и еден во Британија.
{loadposition content9}