Екс универзитетскиот предавач, 40 годишниот Abu Azrael, нарекуван Ангел на смртта, стана легенда меѓу ирачките војници кои се борат против Исламската држава. Брадатиот, храбар војник, со секира и машинка во рацете, е главен лик на постерите на бригадата на Imam Ali, ирачка група на шиитската полиција која ја финансира иранската држава.
Неговата страница на социјалните мрежи има преку 250.000 следбеници. Abu Azrael сака да позира па така објавени се многу негови фотографии на кои војникот храбро чекори низ боиштата и помеѓу заробениците на Исламската држава, а особено сака да позира со различни тешки вооружувања, во маичка со кратки ракави. Меѓу силите на ирачките милитанти е познат и како “ирачки Рамбо”.
Шиитската полиција моментално се бори со ирачката војска за да го вратат градот Тикрит кој го освои Исламската држава, пишува Daily Mail.
{loadposition content9}