Skip to main content

Цревната бактерија увезена од Шпанија

Две шпански фирми кои произведуваат краставички се под истрага во врска со ширењето на бактеријата ешерихија коли од која во Германија починаа пет луѓе, а повеќе од 200 се инфицирани, соопшти шпанското Министерство за здравство.

 |  Маја Савиќ  | 
krastavici
краставици
Две шпански фирми кои произведуваат краставички се под истрага во врска со ширењето на бактеријата ешерихија коли од која во Германија починаа пет луѓе, а повеќе од 200 се инфицирани, соопшти шпанското Министерство за здравство.

Според наводите на тоа Министерство, информацијата за можно поврзување на двете фирми од Шпанија со смртоносното ширење на бактеријата ешерихија коли во Германија е добиена од Системот на Европската унија(ЕУ) за рано тревожење во врска со храната и исхраната.

Не е јасно, се наведува во соопштението, дали бактеријата веќе постоела во краставичките, или се развила за време на транспортот во Германија, или пак, се јавила таму како последица на третманот на краставичките.

Во извештајот на Системот на ЕУ за рано тревожење спомената е и една фирма од Холандија.

Во Германија пет смртни случаи се поврзуваат со ешерихија коли, а последните денови се пријавени повеќе од 200 случаи на инфекцијата.

Во меѓувреме, властите во скандинавските земји јавија дека можеби инфекцијата се пренела во Шведска и Данска.
{loadposition content9}