Црна Гора и подари на Словенија подморница
Црна Гора и подарила на Словенија една од таканаречените џебни подморници од типот „Уна“, што до крајот на следното лето треба да стане дел од постојаната поставка на Воениот музеј во Пивка.
Црна Гора и подарила на Словенија една од таканаречените џебни подморници од типот „Уна“, што до крајот на следното лето треба да стане дел од постојаната поставка на Воениот музеј во Пивка.
Станува збор за подморница П-911 „Тиса“, која од 1997. година е конзервирана во Арсеналот во Тиват.
Подморницата „Тиса“ е една од шесте подморници од иста класа што во втората половина на 80-сетите години за Југословенската воена морнарица била изградена во Бродоградилиштето за специјални објекти во Сплит.
На овој начин, словенечкиот Музеј, во кој преовладуваат повеќе видови тенкови, ќе ја надополни колекцијата со несекојдневен примерок од воената техника на некогашната ЈНА – со подморница која во свое време била во самиот врв на овој вид воени пловила.
Подморницата „Тиса“ е долга 18,8 метри, широка 2,7 и висока 3,4 метри. Пловилото е тешко 87,6 тони, а требало да се користи во време на војна до италијанскиот брег да превезе диверзанти кои таму би поставиле помали мински полиња.
Се претпоставува дека превозот на подморницата до Словенија ќе се обави по копнен пат, што би чинело околу 9.000 евра.
{loadposition content9}