Skip to main content

Дали би издржале 99 дена без Facebook

Еве ви шанса – тестирајте се

 |  инфодеск  | 

Интернет експериментот – кампања е покрената под името “99 дена слобода” и има за цел на луѓето да им помогне во “ослободување” од Facebook и да истражи како тоа ќе влијае на нив. Кампањата се наоѓа на линкот

99daysoffreedom.com и ќе ви помогне да се убедите себеси и другите дека сте во состојба да го напуштите Facebook на попвеќе од три месеци. Овој експеримент е покренат откако Facebook спроведе тајни психолошко-емотивни тестови на околу 700.000 свои корисници, поради кои социјалната мрежа би можела да е строго казнета во некои делови на светот.

На интернет страницата 99daysoffreedom.com ќе го пронајдете потребниот материјал за брендирање на вашиот Facebook профил, за да можат и други да се приклучат на тимот. На страницата стои дека одвикнувањето од Facebook почнува во три лесни чекори:

1. Променете ја фотографијата на профилот

2. Закачете го линкот што одбројува време

3. Напуштете го Facebook на 99 дена

Дали би учествувале во експериментот во кои моментално учествуваат 20.000 луѓе?

{loadposition content9}