Дали е убиен сирискиот претседател Башар Ал Асад?
Амбасадата на Русија во Дамаск не располага со информации за тоа дека претседателот на Сирија Башар ал Асад е убиен, јавува агенцијата “Интерфакс“.
| Голабовски Крсте | Свет
Bashar Al Asad
Амбасадата на Русија во Дамаск не располага со информации за тоа дека претседателот на Сирија Башар ал Асад е убиен, јавува агенцијата “Интерфакс“.
“Не располагаме со информации за смртта на Асад. Овие тврдења веќе беа одречени од арапските медиуми“, посочуваат од дипломатската мисија.
Претходно дописникот на “Ројтерс“ во Кабул, Ејми Ферис – Ротман соопшти дека има податоци за тоа дека претседателот на Сирија е мртов.
Според американскиот весник “Њујорк Дејли Њуз“, Асад бил застрелан во саботата од својот ирански телохранител.
{loadposition content9}