Skip to main content

Дебелите деца да добиваат послаби оценки

Дебелите ученици треба да бидат казнувани со послаби оценки, му предложил на Саркози светски познатиот нутриционист, Пјер Дукан.

 |   | 
debelo
debelo
Дебелите ученици треба да бидат казнувани со послаби оценки,  предложил  светски познатиот нутриционист, Пјер Дукан.
Dukan
Оваа своја идеја, Дукан му ја претставил на претседателот на Франција, Никола Саркози, кој сè уште се нема огласено со службена изјава.

Француските медиуми остро го критикуваа нутриционистот, велејќи дека таквата пракса би резултирала со лош однос на младите кон храната.

“Мојата идеја не би променила ништо кај оние кои не треба да ослабнат, но затоа кај оние кои треба да симнат некој килограм, би створила дополнителна мотивација”, се брани Дукан, чија контроверзна диета стана популарна меѓу светските ѕвезди.

Противниците на Дукановата диета, предупредуваат на недостигот од јаглени хидрати и зеленчук во исхраната.

Французите се втори најслаби луѓе во Европа, но во последно време земјата бележи значителен пораст на дебелина кај својата популација.

Најдебелите Европејци живеат во Грција, каде дури 70% од народот има проблеми со тежината а 30% се дебели.  

{loadposition content9}