Skip to main content

Дефект на Меѓународната вселенска станица, екипажот безбеден

На Меѓународната вселенска станица се случил дефект на пупмпата за ладење, но засега нема опасност за шестмината членови на екипажот кои се наоѓаат на неа, соопштила НАСА која ја истражува причината за проблемот.

 |  Голабовски Крсте  | 
ISS
МВС

На Меѓународната вселенска станица се случил дефект на пупмпата за ладење, но засега нема опасност за шестмината членови на екипажот кои се наоѓаат на неа, соопштила НАСА која ја истражува причината за проблемот.

ekipazПортпаролот на НАСА Кели Хемпфриз изјавил дека проблемот би можел да стане сериозен, но дека во моментов ситуацијата е под контрола, пренесува Ројтерс.

Хемпфриз додал дека една од надворешните пумпи престанала да работи на одредено време, додавајќи дека пумпата е дека од системот за ладење на Меѓународната вселенска станица. Членовите на екипажот – тројца Руси, двајца Американци и еден Јапонец, од претпазливост изклучиле неколку помалку оперативни системи за да ја намалат потрошувачката на електрична енергија.

Екипа експерти од контролата на Земјата се обидуваат да откријат дали проблемот е во хардверскиот или софтверскиот систем.

{loadposition content9}