Skip to main content

Дејвид Бекам прогласен за витез од кралот Чарлс

Славниот англиски фудбалер Дејвид Бекам од денеска официјално ја носи титулата „Сер“, по одликувањето со витештво од Кралот Чарлс III за неговите заслуги во спортот и хуманитарната работа.
 |  инфодеск  |  ,

Поранешниот англиски фудбалски ас Дејвид Бекам, вчера беше официјално прогласен за витез за неговите заслуги во спортот и добротворните организации на церемонија одржана во замокот Виндзор.

Бекам призна дека денот на доделувањето на орденот е еден од најпосебните во неговиот живот.

-Не можам ни да опишам колку е посебен овој ден за мене, момче родено во Источен Лондон, кое денес добива витешка титула од Кралот. Навистина сум понизен и благодарен за оваа чест, напиша Бекам на својот Инстаграм профил.

Придонесот на Бекам во фудбалот, со 25 освоени трофеи, 115 настапи за репрезентацијата на Англија и безброј незаборавни голови, беше централна тема на настанот.

Инаку, Бекам сега се приклучува на листата на славни британски спортисти кои станале „сер“, меѓу кои се Сер Алекс Фергусон, Сер Кенет Далглиш и Сер Мо Фара.