Денес во Казан започнува 16. самит на БРИКС
Додека министрите за финансии и гувернерите на централните банки се состануваат во Вашингтон оваа недела на традиционалниот есенски состанок на ММФ и Светска банка, во Русија во исто време се одржува 16-тиот самит на БРИКС.
На 16. самит на БРИКС кој се одржува во Казан, се очекува да присуствуваат вкупно 32 странски делегации од целиот свет, од кои 24 на ниво на шефови на држави и влади, вклучително и сите девет членки на БРИКС досега, како и бројни други земји заинтересирани за членство, вклучително и со Турција за прв пат земја членка на НАТО. Сè уште не е потврдено дали и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ќе ја прифати руската покана да присуствува на самитот. На самитот му претходеа над 200 состаноци и настани во текот на 2024 година, организирани од руското претседателство.
Локацијата е избрана како симболичен знак на антиимперијалната ориентација и солидарноста на Русија со „глобалниот југ“ против западните колонијални сили.
Инаку, според податоците од Светскиот совет за злато над 20 отсто од светските резерви на злато се во земјите од блокот БРИКС, при што ова значително количество резерви ги нагласува растечката економска моќ и влијание на овие економии во развој.