Skip to main content

Денес ќе биде врачена Нобеловата награда за мир

Денеска во Осло на Организацијата за забрана на хемиското оружје ќе и биде врачена Нобеловата награда за мир за 2013 година.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Денеска во Осло на Организацијата за забрана на хемиското оружје ќе и биде врачена Нобеловата награда за мир за 2013 година.

nobelovciНаградата ќе ја преземе Ахмет Узумчу генералниот директор на ПЗХО.

Агенцијата на ОН, ја предводи иницијативата за демонтирање на сириското хемиско оружје. Добитници на Нобеловата награда за медицина, физика, хемија, литература и економија ќе ги земат своите награди во Стокхолм. Секоја награда е во вредност од милион и двеста илјади долари.

Мартин Карплус, Мајкл Левит и Ариех Варшел се добитниците на годинешната Нобелова награда за хемија, за нивниот придонес во разјаснувањето на комплексните хемиски процеси. Варшел, кој по потекло е од Израел, во врска со телефонскиот разговор со излраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кој претседателот на владата му честитал на наградата, рече: „Тој го разбра моето кусо објаснување и рече дека во иднина ќе ги принуди своите министри да го кажат она што имаат да го кажат за една минута.“
Нобеловата награда за физика оваа година им е доделена на Белгиецот Франоса Енглерт и Британецот Питер Хигс за нивното предвидување дека постојат многу ситни честички, т.н. Хигсови бозони.

Двајцата научници со нивното предвидување на егзистенцијата на Хигсови бозони, наречени по презимето на Хигс, значително придонесоа кон разбирањето на физиката на ситните честички, соопшти институтот Каролинска.

Постоењето на супатомските честички, кои играат голема улога во настанувањето на универзумот, наречени поради тоа и „божји“, беше докажано минатата година во европскиот забрзувач на честички побрзи од светлината „Церн“ во Швајцарија.

84-годишниот Петер Хигс и 80-годишниот Енглерт го прогнозираа постоењето на овие најситни честички уште во 1960-те години. Највисокото признание за физичарите е наградено со околу 920 илјади евра.

{loadposition content9}