Глутенот е протеин кој се наоѓа во пченицата, р’жот и јачменот, а со него се поврзуваат повеќе од 50 болести и се проценува дека 99% од луѓето кои имаат интолеранција на глутен никогаш не се дијагностицирани.
Ова се десет показатели зошто треба да се прекине со јадење на глутен:
– Проблеми со системот за варење како што се надуеност, гасови, дијареа и запек. Запекот е последица на конзумирање глутен и најчесто се јавува кај децата.
– Кератосис пиларис – нафрлање на кожата на задната страна од рацете. Тоа е резултат на недостаток на масни киселини и витамин А, а тоа е пак резултат на лошата апсорпција во цревата до што доаѓа поради глутенот.
– Чувство на замор по конзумирање на глутен.
– Заболување од автоимуни болести како што се Хашимотов тироидис, реуматски артритис, лупус, склеродерма, мултипла склероза…
– Чувство на нерамнотежа, вртоглавица и останати слични невролошки симптоми.
– Хормонални пореметувања како што е интензивен ПМС, синдром на полицистични јајници и необјаснив стерилитет.
– Редовни главоболки и мигрени.
– Хронична слабост или фибромиалгија – особено ако докторот не може да ја открие причината.
– Отоци и болки во прстите, колковите или колената.
– Промени во однесувањето како депресија, анксиозност, чести и драстични промени на расположението како и пореметување на намалено внимание.