Бугарската полиција уапсила пет лица поради обид за дестабилизација на банките во државата. Полицијата се сомнева дека сомнителните ги користеле сите средства на комуникација за ширење на гласини кои требале да резултираат со повлекување на депозитите од бугарските банки.
Државната агенција за национална безбедност објавила дека лицата се под сомнение за ширење на лажни информации против бугарските банки за да го дестабилизираат банкарскиот систем. Тие, како што тврди агенцијата, ги користеле сите средства на комуникација – мобилни телефони, електронска пошта, Facebook, YuoTube, Twitter, за да ги прошират гласините кои требало да натера што повеќе граѓани да ги повлечат парите од банките и така да ги срушат. Еден од осомничените, велат од агенцијата, должел кон банките голема сума на пари.
Бугарската централна банка предупредила пред два дена на системски обиди за дестабилизација на банкарскиот систем, поради што морала под своја контрола да ја стави банката Corpbank.
{loadposition content9}