Skip to main content

Детали за човекот кој го откри криминалот во HSBC банката

Швајцарската банка HSBC помагала на бројни богати клиенти

 |  инфодеск  | 

Откако беше објавено дека швајцарската HSBC, една од најголемите банкарски институции во светот, помагала на своите бројни богати клиенти да избегнуваат плаќање на милиони евра данок, светот се прашува кој е човекот кој го разоткри криминалот.

Herve Falciani бил долгогодишен финансиски експерт во HSBC кој полицијата во Женева го привела во декември 2008 година поради сомнение дека украл податоци за клиенти. Тој бил пуштен само неколку часа по испрашувањето со услов да се врати дома следното утро, но тој ја искористил приликата и пребегнал во Франција со сопругата и двете деца.

Herve по пребегнувањето во Франција ја започнал соработката со француската полиција за откривање на криминалот во банката во која работел и тоа била причината зошто француските власти никогаш не го испорачале на Швајцарија, иако имало меѓународна потерница.

Додека едни го сметаат за храбар шпијун кој разоткрил криминал со несогледиви последици во една од најголемите банки која владее во десетици земји а која затајувала милиони евра данок, за други тој е циничен, пресметан, криминалец кој украл чувствителни податоци за неколку десетици илјади клиенти со намера да ги наполни своите џебови.

Во банката работел од 2000 година во Монако а потоа се преселил во Женева. Од 2006 до 2007 година се претпоставува дека украл податоци за повеќе од 106.000 клиенти од повеќе од 200 земји кои имале 300.000 сметки. Многу од нив се познати личности од светот на бизнисот, филмот, музиката, спортот, а има и членови на кралски семејства. Како што е откриено има и македонски државјани.

Своите податоци на 5 ЦД-а ги проследил до француските власти, а поддршка добил и од тогашната министерка за финансии, сегашна шефица на MMF, Christine Lagard.

Тој сам вели дека се чувствува како Edward Snowden и тврди дека неговиот екс работодавач, HSBC банката, создала таков систем кој овозможува богатење на сметка на државите, помагање на клиентите во перење на пари и избегнување плаќање на данок. 

{loadposition content9}