Британската канцеларија за истрага за измами ги повика трговците на британската банка Barclays и германскиот џин Deutsche Bank на разговори во врска со истрагата со која треба да се утврди дали имало манипулации со референтната каматна стапка euribor, извести Financial Times, повикувајќи се на извори поврзани со истрагата.
Британскиот регулатор истражува дали трговците манипулирале со меѓубанкарската референтна каматна стапка еuribor за отстварување на лична корист, а ги истражуваат и трговците на некои други банки, објави угледниот лондонски финансиски дневник, повикувајќи се на добро упатени извори.
Barclays резервирал 750 милиони фунти за потребите на помирување евентуални казни поради манипулации на валутните пазари, а минатата недела од банката порачале дека посакуваат заклучување на истрагата што е можно поскоро.
Deutsche Bank се спрема да плати скоро една милијарда евра на име казни поврзани со спогодба во случај на обвинение за манипулација со libor.
Истрагата на британската канцеларија за измами се надоврзува на две други истраги поврзани со манипулации со еuribor и libor, пишува понатаму Financial Times.
Американските и европските регулатори минатата година со околу 6 милијарди долари ги казнија Barclays, UBS, Deutsche Bank и уште неколку банки и брокерски куќи поради наводни манипулации со каматните стапки libor и euribor.
{loadposition content9}