Убодот од комарец во нашето тело остава отровна течност која предизвикува досадно чешање, а за да го ублажите чешањето на местото можете да ставите било кој од овие девет евтини помагатели кои сигурно ги имате дома.
–Медицински алкохол – Алкохолот како и производите со висок процент на алкохол како што се средствата за дезинфекција на раце, делуваат антисептично што значи дека каснувањето од комарец нема да се инфицира. Чувството на благо пецкање ќе ви ги отстрани мислите од чешањето.
–Селотејп – Парче селотејп залепете преку местото на каснување кој ќе го намали чешањето и ќе впие дел од отровот кој го испуштил комарецот.
–Оцет – Киселината во оцетот ќе го запре чешањето., а ако имате повеќе убоди можете во када со топла вода да додадете две до три лажици оцет и легнете во кадата.
–Забна паста – Ментолот во пастата за заби на кожата ќе направи чувство на ладење кое мозокот многу побрзо го регистрира од чувството на чешање. При тоа густината на пастата ќе го намали и отекувањето на местото на убод.
–Лушпа од банана – Убодот лежерно протријте го со лушпа од банана, а шеќерот од лушпата ќе ја смири кожата и ќе ја впие течноста од убодот.
–Проѕирен лак за нокти – Овој помошник да не се употребува на веќе оштетена кожа од чешање.
–Сок од лимон – Благодарение на своите антибактериски и антимикробни својства мала количина на свеж исцеден лимон моментално ќе го намали чешањето и ќе спречи инфекција. Оваа метода применувајте ја само ако сте во просторијата внатре бидејќи изложување на сонце таму каде што е убодот може да создаде меур.
–Мраз – Како и кај изгорениците, мразот ја намалува отеченоста и го умртвува местото на убод од комарец давајќи привремено олеснување.
–Сода бикарбона – Алкалните својства на бикарбоната ја неутрализираат pH на кожата, а со тоа пружаат олеснување од чешањето. Лажичка сода бикарбона растопете во чаша вода и со крпа прекријте го убодот и држете го кратко време.