Девојка од Велика Британија пријавила дека била силувана за време на одмор во Грција, а локалната полиција привела маж (26) во областа Акти Воница на западот од земјата.
Британката во петокот го пријавила силувањето во полиција, објаснувајќи дека нападот се случил во близина на бар во Палерос. Локалните медиуми јавуваат дека мажот бил многу насилен кон неа.
Полицијата веднаш почнала да трага по напаѓачот. Тој бил пронајден и уапсен во неделата.
Против момчето беше покренато обвинение за силување откако беше сослушан во обвинителството во Лефкада.
Жртвата е однесена на лекар, а вештаците од судска медицина треба да земат докази од нејзиното тело.