Замислете си ја ситуацијата во продавница и сакате да проверите, на пример, колку калории има јаболкото. Од џебот вадите мал уред со кој го скенирате овошјето, а на вашиот смартфон се појавува посакуваниот податок.
Ваква ситуација наскоро би можела да стане стварност. Имено, израелскиот startup consumer physics развил џепен молекуларен сензор SciO, со кој може да се анализираат хемиските информации на саканиот објект и да ги прати тие информации на паметниот телефон од корисникот, пишува Mashable.
Компанијата има спремен прототип на уредот, но конечниот производ сеуште не го видел светлото на денот. Компанијата започнала кампања на Kickstarter, со цел да собере 200.000 долари, но тие веќе осигурале скоро 2,5 милиони долари, што значи дека голем број на луѓе би сакале да видат ваков производ во пракса.
{loadposition content9}