Skip to main content

Еве како Џорџ Буш постариот го прослави својот 90 роденден

41 претседател на САД го прослави 90 роденден

 |  инфодеск  | 

Екс претседателот Џорџ Буш постариот го прослави својот 90 роденден со скок со падобран во близина на својата куќа во Мејн.

Тој скокнал од хеликоптер од висина од околу 1850 метри, во тандем со пензионирани членови на падобранската единица на американската војска, пренесува АР.

На Буш, кој боледува од паркинсонова болест и не може да ги користи нозете, ова му бил осми скок со падобран.

“Денес е прекрасен ден во Мејн и доволно добар за скок со падобран”, најавил Буш на Твитер, кој на ист начин го прославил и 85 роденден.

Стотина луѓе се собрале на карпестиот брег за да го видат скокот, а на земја го дочекале неговата сопруга Барбара и синот Џорџ.

Буш постариот прв пат скокнал со падобран уште во Втората светска војна, кога неговиот авион бил соборен над Пацификот, потсетува американската агенција.

{loadposition content9}