Да се руча или вечера во ресторан со мали деца не е едноставно и често, вработените во рестораните имаат многу работа потоа. Еден канадски брачен пар, Daley и Alicia Welsh со себе носеле високо детско столче во еден јапонски ресторан, за да можат да ручаат, а со нив заедно и едногодишната ќеркичка Evie. По ручекот тие исчистиле се што растурило малото девојче, а кога стигнала сметката приметиле нешто необично.
На сметката се појавил попуст под ставка “пристојни деца“ во износ од 5 долари. Вкупниот износ на сметката бил 51,45 долари, и иако попустот не бил значаен, бил показател како некои угостители знаат да ги ценат совесните родители.
„Ова не го очекувавме“, рекол Daley, кој ја фотографирал сметката и ја објавил на Reddit, пренесува Huffington Post. “ Беше тоа како да добивме петка во родителскиот картон“, додал тој.
Она што ова семејство го направило е едноставно. И порано сакале да одат во ресторани на ручек или вечера, но кога ја добиле ќеркичката, се зарекле дека ќе бидат посебно внимателни додека се наоѓаат во рестораните заедно со ќеркичката. Нивната одлука им штеди пари, а сметката е доказ за тоа.
{loadposition content9}