Времето на доцнење на авион се смета од моментот на отворање на првата врата по слетувањето на аеродромот, а не од моментот кога тркалата ќе ја допрат пистата, стои во објаснувањето на Европскиот суд за правда, донесено по спорот кој се водел помеѓу нискобуџетната Germanwings и еден патник кој поради доцнење барал отштета.
Патникот барал отштета од Germanwings, тврдејќи дека авионот полетал со доцнење од 3 часа и 10 минути, но од Germanwings одбиле да платат бидејќи авионот на линијата Салзбург – Келн доцнел 2 часа и 58 минути, а отшета исклучиво може да се добие за доцнење од три часа и повеќе.
Судот на правдата во пресудата оценил дека на патниците им е дозволено да го напуштат авионот откако ќе се отвори првата врата и дека во тој момент можат да продолжат со секојдневните активности. “Ситуацијата за патникот не се менува ниту кога тркалата ќе ја допрат пистата, ниту кога авионот ќе пристигне во завршната паркирна положба”. Доцнењето го одредува моментот кога се отвора првата врата од авионот по слетувањето, а не моментот кога авионот ја допира пистата со тркалата, стои во објаснувањето на Европскиот суд на правдата, кое би можело да послужи како преседан за сите можни тужби во иднина.
{loadposition content9}