Skip to main content

Нов договор за ограничување на стратешкото нуклеарното вооружување

На првиот состанок меѓу американскиот државен секретар Хилари Клинтон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров постигнат е договор за ограничување на стратешкото оружје и за ракетниот штит.

 |   | 
nuklearna eksplozija
нуклеарна екплозија
На првиот состанок меѓу американскиот државен секретар Хилари Клинтон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров постигнат е договор за ограничување на стратешкото оружје и за ракетниот штит.

Клинтон, синоќа по средбата во Женева, истакна дека приоритет за  двете земји да постигнат нов договор за стратешкото оружје  до крајот на годината. Сегашниот Договор за ограничување на стратешки нуклеарното вооружување (СТАРТ-1) истекува кон крајот на годинава.
Таа нагласи дека Вашингтон е подготвен за отворен дијалог со Москва во изнаоѓањето на решение за иранската нуклеарна програма.

nuklearna eksplozijaЛавров наведе дека стабилизацијата на Авганистан е во интерес и на Москва и на Вашингтон.
„Се договоривме да придонесеме за успешна конференција за Авганистан, која ќе биде одржана на 27 март во Москва, под покровителство на Шангајската организација за соработка, како и сличните конференците што кон крајот на месецот ќе бидат одржани во Европа, под покровителство на САД“, рече Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи потенцира дека несогласувањето меѓу Москва и Вашингтон е за „еднострано прогласената независност на Косово“.
Клинтон од својата стерана, како различни ставови меѓу САД и Русија ја наведе Грузија.

 

 

{loadposition content9}