Затворени двата терминали
Дојава за бомба на аеродромот во Софија
Аеродромот бил алармиран околу девет часот по локално време, но не е прецизирано за кој од двата терминали станува збор.
Поради анонимна закана за поставена бомба, од утрово се затворени двата терминали на аеродромот во Софија, јавија бугарските медиуми.
Аеродромот бил алармиран околу девет часот по локално време, но не е прецизирано за кој од двата терминали станува збор.
Поради таа причина и од двата терминали се евакуирани лица, соопшти прес-центарот на Министерството за внатрешни работи, што во моментот спроведува истрага.


