Утринава непознато лице пријавило дека во зградата на Жупанискиот суд во Сплит е поставена бомба.
Сите вработени и странки биле евакуирани, а полицијата ја проверува зградата.
Дојавата за бомба била во 8:45 часот, а евакуирани се 250 лица.
На лице место службеници од противексплозивна заштита ќе направат увид – изјавиле од полицијата.