Евакуирани 250 лица
Дојава за бомба во Сплит
Евакуирани 250 лица по дојава за бомба утрово во зградата на Жупанискиот суд во Сплит. Полицијата врши увид на местото.
Утринава непознато лице пријавило дека во зградата на Жупанискиот суд во Сплит е поставена бомба.
Сите вработени и странки биле евакуирани, а полицијата ја проверува зградата.
Дојавата за бомба била во 8:45 часот, а евакуирани се 250 лица.
На лице место службеници од противексплозивна заштита ќе направат увид – изјавиле од полицијата.


