Skip to main content

Учениците и професорите евакуирани

Дојави за бомби во над 20 училишта во Белград

По Црна Гора, евакуирани се над 20 училишта во Белград поради дојави за бомби. Полициски екипи се на терен и вршат увид во објектите.
 |  инфодеск  | 
Дојава за бомба Белград

Дваесетина средни училишта и гимназии во Белград добија циркуларна електронска пошта за подметната бомба. Учениците и професорите веднаш се евакуирани, а известени се Министерството за внатрешни работи и Безбедносно-информативната агенција (БИА).

Слична ситуација се случи пред неколку дена во соседна Црна Гора. Нашата полиција прво ќе ги испита заканите, а децата и вработените нема да бидат вратени во училниците додека полицијата не потврди дека е безбедно, што е приоритет – изјави првиот вицепремиер и министер за образование Бранко Ружиќ.

Влезе професорот по физика, само ни рече: „Имаме бомба во училиштето, мора да излеземе“. Сите сме одлично, се наоѓаме пред училиштето, само професорите се во паника. Мислат дека е сериозно – изјави за „Блиц“ еден ученик од Земунската гимназија.