Пријави за бомби во повеќе од 100 училишта низ Србија, наставата ќе се одржува онлајн, пишуваат српските медиуми. Училиштата ќе ги информираат учениците и нивните родители за начинот на организирање на наставата и враќање во училишните клупи, велат оттаму.
Дојавите за подметната направа стигнале на адресите на е-пошта на неколку основни и средни училишта во Србија, соопшти Министерството за образование на соседната земја. Заради безбедност на учениците, училиштата го информирале министерството за заканата и полициски екипи се на терен, се додава во соопштението.
Медиумите потсетуваат дека ова е продолжение на дојавите за бомби низ Србија. Пред два дена бомба била пријавена во Клиничкиот центар во Војводина по електронска пошта, но немало потреба од евакуација.