Докторот обвинет за ширење АИДС меѓу либиските деца, сурово малтретиран
Либискиот доктор Ашраф Ал Хајуј, кој намерно зарази со ХИВ вирусот 483 деца од Либија, се жалеше на односот кон него во либискиот затвор.
| Крсте Голабовски | Свет
Либискиот доктор Ашраф Ал Хајуј, кој намерно зарази со ХИВ вирусот 483 деца од Либија, се жалеше на односот кон него во либискиот затвор. Тој во Париз изјави дека во затворот го мачеле со електро шокови и му корнеле нокти. Тој беше затворен осум години во либиски затвор заедно со пет бугарски медицински сестри, каде беше осуден на смрт.
„Признавам дека ги заразив децата во соработјка со ЦИА и Мосад, зошто ме мачеа. Бев подготвен се да признаам“, изјави Ашраф.
Додека бил мачен, цело време имал повез преку очите, а поголемиот број тортури се случиле на почетокот на неговото затвореништво. Изјави дека исто така бил сведок и на мачењата на медицинските сестри.
Целата меѓународна заедница ја нападна Либија поради смртната казна за него и бугарските медицински сестри. После преговорите кои ги започна поранешната прва дама на Франција Сесилија Саркози, осудените беа пуштени на слобода во 2007 година. После тоа медицинските сестри се вратија во Бугарија, а на Ашрав му беше даден бугарски пасош со цел да ја осигура својата слобода.