Skip to main content

сад

Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД

Поранешниот претседател Доналд Трамп се обрати откако ја обезбеди својата трета победа на бојното поле со освојување на Пенсилванија, приближувајќи го до победата во Белата куќа. 
 |  инфодеск  | 
WEST PALM BEACH, FLORIDA – NOVEMBER 06: Republican presidential nominee, former U.S. President Donald Trump speaks during an election night event at the Palm Beach Convention Center on November 06, 2024 in West Palm Beach, Florida. Americans cast their ballots today in the presidential race between Republican nominee former President Donald Trump and Vice President Kamala Harris, as well as multiple state elections that will determine the balance of power in Congress. Joe Raedle/Getty Images/AFP (Photo by

Поранешниот претседател Доналд Трамп се обрати откако ја обезбеди својата трета победа на бојното поле со освојување на Пенсилванија, приближувајќи го до победата во Белата куќа. 

„Сакам да му се заблагодарам на Американскиот народ за исклучителната чест да бидам избран за ваш 47-ми и 45-ти претседател. До секој граѓанин: Ќе се борам за вас, за вашите семејства и вашата иднина. Секој ден ќе се борам за вас до последниот здив, нема да застанам се додека не ја испорачаме силната и просперитетна Америка која ја заслужуваат нашите деца, но и вие. Ова навистина ќе биде златното доба на Америка, тоа ни е потребно. Ова е брилијатна победа за американскиот народ и која ќе ни овозможи повторно да ја направиме Америка голема!“ – изјави Трамп при неговото обраќање.

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски му честиташе веднаш по неговото обраќањето пред поддржувачите во Палм Бич, Флорида, каде прогласи победа на изборите.

„Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата. Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи“, стои во честитката на Мицкоски

Фото: Associated Press