Wikipedia може да биде многу корисен извор на информации но сепак треба да се земаат со резерва, а поготово кога се работи за сериозни теми како што се болестите и лечењето. Имено, истражувањето на научниците од американскиот универзитет Campbell, покажало дека девет од десет медицински статии на Wikipedia содржат погрешни информации, пренесува Daily Mail. Затоа предупредуваат, Wikipedia не би требало да се користи како замена за лекар.
“Истражувачите не би требало да ја користат Wikipedia како главен извор бидејќи тие написи не проаѓаат низ процес на проверка како медицинските списанија”, вели авторот на истражувањето Robert Hasty.
Wikipedia ја сакаме затоа што сатанува збор за отворена енциклопедија, што значи дека секој може да пишува и да внесува податоци таму. Но, тоа истовремено е и недостаток. Би било одлично кога со тие написи би се занимавале само луѓе што навистина се разбираат за темите за кои се пишува.
Во статиите за темите како што се дијабетис, рак на бели дробови и болки во грбот, пронајдени се низа од погрешни информации. Помеѓу нив е една статија каде пишува дека за дијагностицирањето на висок крвен притисок мора најмалку три пати да се измери притисокот, а експертите велат дека тоа не е вистина и може да доведе до опасно одложување на лечењето.
Некои фармацевстки куќи се најдоа под обвиненија дека ги уредуваат статиите на Wikipedia за да ги тргнат информациите за штетните нуспојави на некои лекарства.
А посебно е загрижувачки дека Wikipedia ја користат и самите медицински експерти – во склоп на истражувањето до 70% на лекари и студенти по медицина признале користење на Wikipedia.
{loadposition content9}