Колку често ги полните своите смартфони или таблети на јавни места? Колку и да е практично, сепак тоа не е без ризик, но постои лек и за тоа.
Malware не бира ни место ни време, а тој е дизајниран да ги превзема податоците од вашиот телефон или таблет по пат на USB, додека се споени на компјутер, а тоа може да се случи многу лесно на јавно место.
Иако постојат кабли за USB кои се дизајнирани само за напојување но не и за пренос на податоци, сепак тие не се доволно практични, а постои можност и да ги замените при употреба. Сепак, се појави мал уред, кој го носи името USB Condom и кој секој USB кабел го претвора во само кабел за напојуање.
Уредот е мал и пренослив и не завзема воопшто простор во џебот, паричникот или било кое друго место, а се работи за едноставна електронска плочка која едноставно ги премостува пиновите на USB влезот за пренос на податоци и кражбата на податоци од вашиот телефон ја прави еднаква на нула. Производот е направен од фирмата Xipiter, која се занимава со сигурност на интернет.
Значи колоквијално кажано и не во правата смисла на зборовите, ако сакате да практикувате секс помеѓу мобилниот телефон и компјутер, користете USB Кондом. Цената на овој уред е околу 10 долари и плус трошоците за поштарина.
{loadposition content9}