Skip to main content

Издаден метеоаларм

Драматични сцени во Риека по силното невреме

Пожарникари и граѓани извлекуваа деца од поплавена игротека во која биле при налетот на поројниот дожд кој предизвика поплави во градот.
 |  инфодеск  | 
Невреме Ријека

Силно невреме со грмотевици ја погоди областа Риека во средата. Големи количества дожд предизвикаа поројни поплави на улиците на Риека, а еден маж загина во поројот што го однесе.

Невозможно е да се процени настанатата штета, но застрашувачките снимки покажуваат колку ситуацијата на терен е катастрофална, пренесува 24sata.hr.

Бројни згради беа поплавени и уништени; полициски штаб, штаб на противпожарна бригада, ректорска зграда, прва хрватска гимназија во Риека, детска куќа, шеќерна палата, ММСУ, основно училиште Вежица, Трсат и многу други.

Прашање е дали наставата ќе се одржува во Првата хрватска гимназија во Риека, а сите други поплавени институции дури во четврток ќе можат да ја проценат состојбата на нивните простории, пренесува Нови лист.

Посебно тешка била ситуацијата во центарот на градот каде меѓу другото имало драматична ситуација каде пожарникари и граѓани извлекуваа деца од поплавена игротека во која биле при налетот на поројниот дожд кој предизвика поплави во градот. При ваквото невреме игротеката почнала да се полни со вода. Пожарникарите успеале да ги извлечат децата и сите се добро.

Пожарникарите успеале да ги извлечат децата и сите се добро.

Сообраќајот цела вечер беше во целосен колапс, а голем број жители на Риека останаа заробени во своите автомобили.

Поплавата не ја заобиколи ниту противпожарната станица ЈВП Риека, а преку Инстаграм порачаа дека и покрај ова сѐ уште излегуваат на интервенции.