Skip to main content

Драматично на истокот од Украина

Опасност од хуманитарна катастрофа

 |  инфодеск  | 


Претседавачот на советот на ОБСЕ предупредил на опасноста од хуманитарна катастрофа на истокот од Украина и закана, кризата да се претвори во “замрзнат конфликт”.

Швајцарскиот амбасадор, Tomas Greminger, во интервју за виенскиот неделник Profile рекол дека состојбата во тој дел на Украина е драматично.

“Недостасуваат лекови, медицински персонал. Греењето и снабдувањето со струја не е загарантирано, а куќите се делумно тешко оштетени”, рекол Greminger кој претседава со извршното тело на ОБСЕ до крајот на годината.

Амбасадорот рекол и дека е непобитен факт дека проруските сепаратисти се снабдуваат од Русија. “Очигледно е дека муниција и друг воен материјал се испорачува во Украина, бидејќи сепаратистите поинаку не би успеале да водат повеќемесечни жестоки артилериски борби. Руската теза гласи дека сепаратистите ја превзеле муницијата од украинската војска во источна Украина, меѓутоа таа во еден момент би се потрошила, така да сигурно постои снабдување”, подвлекол Greminger.

Кога станува збор за кршењето на човековите права тој истакнал дека постои сомнение дека тоа се прави од двете страни. Во овој момент, како што рекол, се чини дека војната во источна Украина се заканува да стане “замрзнат конфликт”. “Меѓутоа состојбата може и понатаму воено да ескалира”, предупредил швајцарскиот амбасадор. 

{loadposition content9}