Дупката која проголта дел од музејот на Корвета во Кентаки стана поголема туристичка атракција од самиот музеј.
До музејот, кој не работи од февруари кога се отвори дупка во внатрешноста, оваа година дошле 59% повеќе туристи во однос на минатата, што ја натерало управата да отори дел од музејот.
“Никогаш не ни паднало на ум дека оваа несреќа ќе донесе пораст на бројот на посетители”, вели Вендел Строд, извршниот директор на музејот.
Геолозите веруваат дека дупката која има 12 метри радиус и е длабока 18 метри, е настаната поради постоење на подземни пештери во тој регион.
Осум оштетени автомобили се извлечени од дупката и не се поправени, но ќе бидат изложени на 20 годишнината на музејот кон крајот на август.
Два автомобили сепак ќе бидат оставени во дупката а три ќе бидат реставрирани.
{loadposition content9}