Двајца полицајци се повредени денеска во напад со нож на улица во центарот на Лондон, а напаѓачот е уапсен, соопшти тамошната полиција.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, за Би-би-си изјавил дека нападот нема врска со тероризам и дека ниту еден од повредените полицајци, кои се пренесени во болница, не е во животна опасност.
Нападот се случил на плоштадот Лестер, каде што има многу туристи, но не во близина на Вестминстерската палата, каде илјадници луѓе чекаат во редици за да ѝ оддадат почит на кралицата Елизабета Втора, јавува „АП“.
И напаѓачот по апсењето е во болница.
Полицијата ги истражува околностите на овој напад.