Две лица се убиени, а пет ранети во пукање што се случило во парк во Лос Анџелес, на место каде вчера беше одржана изложба на рачно изработени автомобили, соопштија американските власти.
Во нападот во Општината Сан Педро можно е да учествувале повеќе од едно лице и сѐ укажува на тоа дека почнало по кавга меѓу две групи луѓе, вели капетанот на полицијата на Лос Анџелес, Кели Муниц.
Ранетите се пренесени во болница и се во критична состојба – наведува полицискиот командант.
Меѓу повредените се луѓе на возраст од три до 54 години. Миниц додава дека изложбата привлекла околу 500 луѓе.