Две момчиња избодени до смрт во Лондон
Двајца тинејџери синоќа биле убиени при напади со нож во Лондон, соопштува британската полиција. Нападите се случиле еден по друг, а биле одвоени неколку часа, пренесува Скај Њуз.
Како што пренесуваат британските медиуми, 15-годишен тинејџер од Гринич бил избоден околу 17 часот, а по полноќ во Ламбет друг тинејџер 16-годишен доживеал исти таков напад.
Поради убиството на 15-годишното дете, кој ранет сам отишол во болница, уапсен е тинејџер исто така 15-годишник, а никој засега не е уапсен поради убиството на другото дете.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, изјави дека е запрепастен поради ваквите убиства. Лондон кој во минатото се соочувал со бројни насилства помеѓу младите, продолжува со своите напори да ги спречи понатамошните вакви напади.