Skip to main content

трагедија

Двојно убиство во Хрватска

Во населбата Дедиње е убиен малолетник, а во претприемничката зона постар маж. Засега не се познати мотивите за двојното убиство.
 |  инфодеск  | 
убиство во хрватска

Двојно убиство се случи во Плоче, во Дубровничко-неретванската жупанија, во Хрватска. Еден од убиените, како што наведува Jutarnјi.hr наводно е малолетник, додека другиот е средовечен маж.

Крвавиот инцидент се случил околу осум часот, според хрватските медиуми, на две различни локации. Во населбата Дедиње е убиен малолетник, а во претприемничката зона постар маж. Засега не се познати мотивите за двојното убиство.

Маж осомничен за убиствата е уапсен нешто пред девет часот во Опузен. Според жителите на градот кои биле во близина, се слушнале истрели, жените кои продавале земјоделски производи на штандовите исплашени избегале, а минувачите велат дека слушнале извици: „Фрли ја пушката!“

Набргу по апсењето, полицијата потврдила дека во Плоче се случило двојно убиство, пишува Јутарњи лист.