Skip to main content

Џејмс Камерон се понудил да им помогне на “Бритиш Петролеум“

Проблемот со подводната бушотина од која веќе месец дена истекува нафа и ја загадува водата во Мексиканскиот залив дојде и од Холивуд откако режисерот на “Титаник“ и “Аватар“ Џејмс Камерон, инаку вљубеник во подводни истражувања, се понудил да помогне во спречување на најголемата еколошка криза во историјата на САД.

 |  Маја Савиќ  | 
James kameron
Џејмс Камерон

James kameronПроблемот со подводната бушотина од која веќе месец дена истекува нафа и ја загадува водата во Мексиканскиот залив дојде и од Холивуд откако режисерот на “Титаник“ и “Аватар“ Џејмс Камерон, инаку вљубеник во подводни истражувања, се понудил да помогне во спречување на најголемата еколошка криза во историјата на САД. Челниците на компанијата “Бритиш петролеум“, на чија нафтена платформа при експлозија загинаа 11 работници, ја одбиле понудата на Камерон, на што познатиот режисер вратил нарекувајќи ги “морони“.

nafta

Неговиот одговор на “Бритиш петролеум“ следел ден откако што на покана на американската влада Агенција за заштита на животната средина присуствувал на состанок во Вашингтон посветен на нафтената дамка во близина на брегот на Луизијана. Камерон помагал во изработка на опремата за истражување на големи длабочини за потребите на документарец за остатоците од бродот “Титаник“ и германскиот воен брод “Бизмарк“ на околу 3,2 километри длабочина. Оштетената цевка на “Бритиш петролеум“ се наоѓа на поливина од таа длабочина.

“Во последните неколку недели следев, како и сите останати, со повеќе страв и вознемиреност, она што се случува во Мексиканскиот залив и размислував како тие морони не знаат што работат“, рекол Камерон, кој не навел колку пари барал до БП за своите услуги.

Компанијата најави дека ќе плати за изградба на шест песочни острови крај брегот на Луизијана за да заштити природната средина од надоаѓањето на нафтената дамка која веќе е на 11 километри од брегот на Флорида.

{loadposition content9}