Skip to main content

Оскаровецот Џин Хекман пронајден мртов заедно со својата сопруга во нивниот дом

Легендарниот актер, 95 годишниот Џин Хекман е пронајден мртов во неговиот дом во Ново Мексико заедно со сопругата Бетси Аракава и нивното куче, соопшти полицијата во Санта Фе.
 |  инфодеск  | 

Легендарниот актер, 95 годишниот Џин Хекман е пронајден мртов во неговиот дом во Ново Мексико заедно со сопругата Бетси Аракава и нивното куче, соопшти полицијата во Санта Фе.

-Сè што можам да кажам е дека сме во средина на прелиминарна истрага за смртта и чекаме да биде одобрена наредбата за претрес, изјави Адан Мендоза, шериф на округот Санта Фе, додавајќи дека причината за смртта се уште не е утврдена, пишува Тhe Sun.

Американскиот актер и романсиер Џин Хекман, широко беше оценет како еден од најголемите актери на својата генерација.

Во неговата кариерата долга повеќе од четири децении освои два оскара, четири златни глобуси и две награди БАФТА. Тој доби Оскар за најдобар актер за улогата на Џими Попај Дојл во трилерот „Француската врска“ од 1971, а потоа и за најдобра споредна улога за вестернот на Клинт Иствуд „Непростено“ од 1992. Беше номиниран за Оскар и за филмовите „Бони и Клајд“, „Никогаш не сум пеел за татко ми“ и „Мисисипи во пламен“.