Skip to main content

Крвави инциденти

Еден починат во напад со нож во Сараево

Напаѓач избодел две лица во Сараево, по што едното починало, а другото е тешко повредено, пренесуваат медиумите.
 |  инфодеск  | 
Напад Сараево

Едно лице загина, а друго е тешко повредено во два инцидента што се случија на две локации во центарот на Сараево.

Како што за „Н1“ потврди Мирза Хаџиабдиќ, портпарол на МУП на кантонот Сараево, еден напаѓач ги повредил и двете лица.

Полицијата на кантонот Сараево, околу 19:50 часот, била известена дека на подрачјето на општина Центар Сараево повредени се две лица со употреба на нож. Напаѓачот е фатен и е лишен од слобода – се вели во полициското соопштение.

Како што се додава, едното лице од добиените повреди починало, додека другото лице е пренесено во болница.

Дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на кантонот Сараево, кој е задолжен за истрагата, е свесен за сѐ. Повеќе информации ќе бидат познати по неговото комплетирање – рече Хаџиабдиќ.