
Денска на прес-конференција Еди Рама оттурна новинарка откако таа му постави прашање. Според локалните медиуми, Рама ја турнал репортерката на телевизијата СИРИ која наводно го прашува Рама: „зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, а во сегашното пристаниште Драч, приватни инвеститори продаваат станови“. После тоа дошло до физички контакт пришто Рама ја допира на лицето и ја оттурнува. Сето се случило додека бил опкружен со новинарски екипи и целиот инцидент е снимен.
– Те молам, не ме допирај повеќе – рекла новинарката, додека Рама си заминувал.
A disgusting, yet no surprising gesture of #Albania PM, @ediramaal harassing a female journalist today. pic.twitter.com/0DFuUOzDwX
— Xhemajl Rexha (@xhemajl_rexha) March 19, 2024
Албанската телевизија Сири објави дека премиерот на Албанија Еди Рама ја турнал новинарката Амброзија Мета која му поставила прашање. Некои албански медиуми објавија дека Рама сакал да го допре лицето на новинарката, но таа нагло се тргнала. Реагираше и Здружението на албански новинари, кое соопшти дека Рама го нарушил физичкиот интегритет на новинарката. Здружението на албанските новинари изразува солидарност со нашата колешка“, се наведува во соопштението објавено на Фејсбук.
фото: скриншот Х (Twitter)