Skip to main content

Единаесет луѓе се удавија во Нил

Единаесет луѓе се удавија кога брод потона во реката Нил, во близина на главниот град на Судан, Картум, соопшти полицијата.

 |  Крсте Голабовски  | 
Nil
Нил

Единаесет луѓе се удавија кога брод потона во реката Нил, во близина на главниот град на Судан, Картум, соопшти полицијата.

NilСпоред официјалните информации, на бродот имало 40 патници, кои се превезувале од речниот остров Исланџ, северно од Картум, кон источниот брег на реката.

Локалните медиуми информираат дека нуркачите се уште трагаат по телана удавени луѓе.

Несреќата ја предизвикало преоптеретеноста на бродот и силната водена струја.





{loadposition content9}