Станува збор за казна од најмалку половина милијарда долари поради забрането работење со земјите кои се на црната листа на САД.
Имено, германската Commerzbank почнала преговори со властите на САД кои ја обвинуваат дека преку своите филијали во САД префрлувала пари на судански и ирански компании, пишува NewYork Times, а се повикува на неименувани извори. Весникот тврди дека спогодбата помеѓу германската банка и американските федерални власти би требало да биде постигната до крајот на летото.
Разговорите за спогодбата започнале и се очекува дека банката може да се соочи со казна од најмалку половина милијарда долари.
Таа казна, спрема проценките на аналитичарите, би била ситница спрема казната на која се сложила француската банка BNP Paribas од 8,9 милијарди долари, поради направени трансакции со земјите кои се под економски санкции на САД, како Судан, Куба и Иран.
{loadposition content9}