Најмалку едно лице загина во тропска бура на Филипините. Повеќе од 17.000 мораа да ги напуштат своите домови поради поплавите и лизгањето на земјиштето.
Тропската бура Меги, локално наречена Агатон, во неделата го погоди источниот брег на земјата.
Осумдесет и тригодишен маж се удави во поплавите во провинцијата Давао Де Оро. Две жени се повредени во блиската провинција Букиднон, соопшти Националната агенција за катастрофи.
Имаме извештаи за повеќе жртви, но го чекаме официјалниот попис и извештаите на нашите регионални колеги – изјави Марк Тимбал, портпарол на Националната агенција за катастрофи.
Агенцијата соопшти дека 17.892 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во 17 провинции погодени од бурата Меги. Повеќе од 1.100 патници останале заглавени во пристаништата во погодените области откако крајбрежната стража го прекина морското патување.
Меги оттогаш ослабе до тропска депресија, а максималната сила на ветерот сега е 55 километри на час и на удари од 75 километри на час, соопшти метеоролошката служба.